Спасовски: Смените во МВР се согласно законот и договорот на четирите партии

Врз основа на политичкиот договор потпишан од четирите најголеми политички партии, а согласно измените на Законот за Влада, министерот Оливер Спасовски денеска изврши промена на дел од раководните позиции во МВР.

„Го искористив моето право за промена на дел од раководните позиции. Тоа го направив за МВР до изборите да функционира нормално и да се обезбедат услови за фер и демократски избори“- рече министерот Спасовски на денешната прес конференција.