Смена на дел од раководните позиции во МВР

Врз основа на политичкиот договор потпишан од четирите најголеми политички партии, а согласно измените на Законот за Влада, министерот Оливер Спасовски денеска изврши промена на дел од раководните позиции во МВР.

Во продолжение од МВР ги објавија сите разрешувања и именувања:

„Небојша Стајковиќ се разрешува од работно место помошник на министерот на Оддел за информатика и телекомуникациии и се именува за дополнителен заменик на помошникот на министерот на Оддел за информатика и телекомуникациии.
Горан Трајановски се именува за помошник на министерот на Оддел за информатика и телекомуникациии.

Зоран Глигоров се разрешува од работно место началник на Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во ЦПС во БЈБ и се именува за дополнителен заменик на началникот на Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во ЦПС во БЈБ.

Кирил Митиќ се именува за началник на Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во ЦПС во БЈБ.

Александар Јанев се разрешува од работно место началник на Сектор за прикриени операции во Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во ЦПС во БЈБ и се именува за дополнителен заменик на началникот на Сектор за прикриени операции во Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во ЦПС во БЈБ.

Драган Симоновски се именува за началник на Сектор за прикриени операции во оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во ЦПС во БЈБ.

Ивица Вучевски се разрешува од работно место началник на СВР Скопје и се именува за дополнителен заменик на началникот на СВР Скопје.

Лазо Велковски се именува за началник на СВР Скопје.

Ивица Анчевски се разрешува од работно место началник на единица за ПОИ- Алфа и се именува за дополнителен заменик на началникот на единица за ПОИ- Алфа.

Примислав Димовски се именува за началник на единица за ПОИ- Алфа.

Петре Игнов се разрешува од работно место началник на СВР Велес и се именува за дополнитеен заменик на началникот на СВР Велес.
Злате Јаневски се именува за началник на СВР Велес.

Ванчо Синадиновски се разрешува од работно место началник на СВР Штип и се именува за дополнителен заменик на началникот на СВР Штип.

Љупчо Трајковски се именува за началник на СВР Штип.

Методија Атанасовски се разрешува од работно место началник на СВР Битола и се именува за дополнителен заменик на началникот на СВР Битола

Славко Јовановски се именува за началник на СВР Битола.

Гоце Недески се разрешува од работно место началник на СВР Охрид и се именува за дополнителен заменик на началникот на СВР Охрид.

Сашо Смилески се именува за началник на СВР Охрид.

Ѓорѓи Божинов се разрешува од работно место началник на СВР Струмица и се именува за дополнителен заменик началникот на СВР Струмица.

Танчо Пројковски се именува за началник на СВР Струмица.

Моме Јакимовски се разрешува од работно место началник на СВР Куманово и се именува за дополнителен заменик на началникот на СВР Куманово.

Стојанче Величковиќ се именува за началник на СВР Куманово.“– информираат од МВР.