Трета вечер Вино Скоп: Амадеус бенд го дигнаа Скопје на нозе

Многу насмеани лица, весела атмосфера и винарии кои го потрошија целото вино е она што ја одбележа третата вечер на Вино Скоп. Посетителите ги загреа магионичарот Кристијан со своите илузии и трикови, а потоа следуваа Минстрел Галери, Бекдор Бенд и Брас Брадерс.

Крајот на вечерта со својот енергичен настап го одбележаа Амадеус Бенд. Гостите од Србија приредија пиротехнички спектакл со огномет, како и нешто нетипично за бендовите кои не доаѓаат од Македонија. На чист македонски јазик испеаа голем број македонски евергрини, како и стари народни песни. Публиката два часа уживаше во нивниот настап кој уште долго ќе се памети.

Вечерва се очекува рекордна посетеност на фестивалот, а за расположението да биде исто како вчера ќе се погрижат Готан Проџект Танго Нуево, Чил Плеј, Роверс Хенговер, Трибјут то Екв и Куку Леле. Погледнете како помина петочната вечер на Вино Скоп: