Најмалку 77 луѓе се повредени, од нив пет потешко, во експлозија на гас што се случи синоќа во ресторан во шпанскиот град Велез-Малага на јужниот брег, соопшти портпаролот на службите за итни интервенции.
Портпаролот рекол дека експлозијата се случила во текот на прославата во градот, кој се наоѓа 40 километри источно од летувалиштето Малага.
Никој од потешко повредените не е во животна опасност, рекол портпаролот на градската болница.
Весникот „Ел паис“ наведува дека готвачот во ресторанот навреме успеал да ги предупреди гостите за пожарот во кујната, па спречена е поголема несреќа.
Извор: meta.mk