Светски ден на живеалиштата

Со Резолуцијата 40/202 од 17 декември 1985 година, Генералното собрание на ОН го назначи првиот понеделник од октомври како Светски ден на живеалиштата.

Оваа година, Обединетите Нации ја избраа темата „Домување во центар“ со што Кампањата за Светскиот ден на живеалиштата за 2016 година има цел да ја подигне свеста за потребата од доделување на станови за сите во урбаните области и градовите.

Пристапот до соодветно домување е глобален предизвик кој брзо расте со урбанизација. Околу една четвртина од урбаното население во светот продолжува да живее во сиромашните квартови и неформални населби.

Зголемувањето на бројот на жителите во градовите, особено на сиромашните и на ранливите групи (жени, мигранти, лицата со посебни потреби и ХИВ, стари, млади) живеат во несигурни услови, решавајќи ги нивните станбени потреби неформално, немаат пристап до основните услуги и простор за живеење, изолирани од можности за живот и ранливи на присилни иселувања или бездомништво.

Секој ден, како што луѓето се раѓаат или се движат кон урбаните центри во потрага по можности, побарувачката за станови расте. На глобално ниво, една милијарда нови куќи се потребни до 2025 година за да се сместат 50 милиони нови урбани жители годишно.

WebOhrid