Вчера во 18:30 часот во близина на Граничен камен 45, на подрачјето на ПС за ГН Франгово, поради илегален влез во Р.Македонија, од страна на полициски службеници од ОПКМСР РЦ Запад во СВР Охрид приведени се Д.Г. (33) и К.Г. (20) од Р.Албанија.
За настанот е запознаен Јавен обвинител, кој дал насоки истите да бидат задржани во СВР Охрид, а денес да бидат изведени пред Основен Суд Охрид.