Македонија ќе ја одбележи Светската недела на вселената

Интернационален настан – одбележување на Светската недела на вселената кој ќе се одржи во повеќе од 73 земји, меѓу кои и Македонија.

Пред да започнеме со колонизација на Марс, ајде да ја прославиме светската недела посветена на вселената, овде, на Земјата.

Светската недела посветена на вселената е интернационален настан кој се одржува од 4-ти до 10-ти октомври во повеќе од 73 земји низ светот и вклучува речиси 1800 различни настани. Целта е да се даде акцент на придобивките од вселенските истражувања спроведени во текот на претходната година.

Овие датуми одбележуваат два настани:

– 4 октомври 1957: Лансирање на првиот сателит Спутник 1, со што се отвора патот за истражување на вселената.

-10 Октомври 1967: Потпишувањето на Договорот за принципи и активности на државите вклучени во истражување и соодветна употреба на вселената, вклучувајќи ја и Месечината и другите небесни тела.