Јолевски- Катич: Потврда за одличната соработка меѓу Македонија и Словенија

Македонија и Словенија имаат одлична билатерална соработка во сите области особено во одбраната, заклучија министрите за одбрана на двете земји, Зоран Јолевски и Андреја Катич, на денешната средба во Министерството за одбрана на Република Македонија.

Министерот Јолевски додаде дека за време на официјалните разговори е искажана заедничката определба за натамошно унапредување на соработката. „Словенија отсекогаш давала целосна поддршка на евроатлантските аспирации на Република Македонија. Се заблагодарив на министерката Катич за целосната соработка која ја добиваме од нивна страна во аспирациите на Република Македонија да стане членка на НАТО. – рече Јолевски. Во оваа прилика Министерот Јолевски, во име на граѓаните на Скопје и Македонија упати благодарност до граѓаните на Словенија за упатената поддршка при неодамнешната катастрофална поплава и во справување со мигрантската криза на нашата јужна граница.

dsc_8579_resize

Министерот за одбрана Катич, која е во официјална посета на Република Македонија, најнапред упати благодарност до Македонија во врска со мерките кои ги превзема во справувањето со мигрантската криза. „Верувајте ми дека двете министерства за одбрана како и министерствата за внатрешни работи одлично соработуваат на ова поле“ – истакна Катич. Покрај тоа таа ја пофали и соработката меѓу двете војски.

Во однос на НАТО интеграциите министерката Катич истакна дека Македонија ја има поддршката од Словенија и е тука за да помогне во секоја можна прилика.

За време на средбата, двете делегации разговараа за актуелната безбедносна состојба во регионот, Европа и пошироко, развојот на настаните сврзани со мигрантската криза и унапредувањето на соработката. Воедно се разговараше за пренесување на искуствата при изработката на стратешкиот одбранбен преглед и за модернизацијата на двете армии.

dsc_8565_resize