После неполна недела откако ЈП „Охридски Комуналец” ја расчисти дивата депонија кај прес контењерот во населбата „Христо Узунов”, денес повторно истата глетка, информираат од претпријатието.
„И денес беа машински подигнати големи количини на отпад од истото место.Иако според календарот на претпријатието беше организирано подигнување на кабаст отпад во тој дел на 01.10.2016 (сабота), граѓаните продолжуваат со несовесното депонирање на истиот, како и градежен шут, зелен отпад, пластика и друг комунален отпад.“– додаваат од препријатието.