Во ОУ „Братство и Единство“ – Лескајца, утре со почеток во 11 часот, на учениците од прво одделение ќе им бидат поделени флуоресцентни елечиња за поголема безбедност во сообраќајот. Со ова ќе биде означен почетокот на акцијата со која вакви елечиња ќе добијат сите првоодделенци во Охрид.
Безбедносните елечиња, кои се донација на ЛК Лихнидос од Охрид, утре ќе им бидат доделени на сите првоодделенци од Охрид од полициски службеник од СВР Охрид, кои заедно со општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот, секторот за образование при општина Охрид, ја подржаа акцијата и се дел од нејзината реализација. Целта е да се подигне јавната свест и совест кај најмладите за поголема внимателност и безбедноста во сообраќајот на учениците првооделенци како ранлива категорија учесници.
Со цел реализација на акцијата, летово Лихнидос постави кутии за донации во Топ Маркет, Тамаро, Тинекс, кафе Конект и Аеродром „Св. Апостол Павле“ на компанијата ТАВ, и реализираше повеќе други активности, со што обезбеди средства за набавка на 550 заштитни елечиња за сите првоодделенци во општина Охрид.