Двајца адвокати од Белфаст тврдат дека Северна Ирска има право на вето на одлуката на Велика Британија да излезе од Европската Унија, повикувајќи се на условите од историскиот мировен договор од 1998 година.
Адвокатот Ронан Лавери наведува дека со потпишувањето на Договорот на Велипеток, „признаен е суверенитетот над уставните прашања“.
„Народот на Северна Ирска инсистира на контрола над уставните промени, тие не можат да бидат наметнати“ – вели Лавери, кој застапува група политичари кои планираат да вложат законски приговор на резултатите од референдумот од 23 јуни, на кој повеќето граѓани на Велика Британија го поддржаа излегувањето од ЕУ.
Северна Ирска и Шкотска со мнозинство гласови го поддржаа останувањето во ЕУ, но клучни беа гласовите на Англија и на Велс, каде мнозинството гласаше за Брексит.
Со Лавери се согласува и адвокатот Киран Охер, правен застапник на правата на активистот за правата на жртвите, Рејмонд Мекорд, кој, исто така, се противи на одлуката на Лондон за излегување од ЕУ.
Северна Ирска стравува дека по Брексит, за кој се очекува да се реализира до 2019 година, би можела да биде воведена цврста граница со Република Ирска, за разлика од сегашните отворени граници.
Со Спогодбата од 1998 ставен е крај на тридецениското насилство во Северна Ирска, во кое загина 3.500 лица.
Извор: meta.mk