Министерот Спасовски во посета на СВР Куманово

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети СВР Куманово во склоп на посетите кои се реализираат во секторите за внатрешни работи во државата, со цел одблиску да се запознае со моменталните состојби и проблемите со кои се соочуваат.

„Ни претстои период кој е сензитивен и треба да одговориме на задачата да се сочува мирот и безбедноста, но и да обезбедиме услови за фер и демократски избори. Овој сектор е од особено значење и за справувањето со мигрантската криза. Безбедносната состојба во Куманово е стабилна и граѓаните треба да бидат спокојни, затоа што овој сектор е во добра кондиција“ – рече министерот Спасовски.