Вчера околу 16,30 часот во ПС-Кичево, 19 годишна кичевчанка пријавила дека истиот ден околу 16,00 часот додека се движела пешки кон нејзиниот дом зад неа одело непознато лице кое и се доближило и со употреба на физичка сила допирајќи ја по телото се обидел да изврши полови дејствија.
Притоа се слушнале звуци во близина од кои сторителот најверојатно се уплашил и избегал. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Кичево. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.