ОУ „Св.Климент Охридски“ помеѓу најдобрите училишни веб страници

Основното училиште „Св.Климент Охридски“ се пласира во најдобрите три училишта со учество на државен натпревар за најдобра училишна веб – страница. 

На јавен повик од Министерството за образование и наука за избор на „Најдобра училишна веб – страница“ за учебната 2015/2016 година основното училиште „Св. Климент Охридски“ од Охрид учествуваше со проект изработен од учениците.

Можност за учество имаа тимови на ученици од основни и средни училишта предводени од најмалку еден наставник ментор кои за своето училиште изработиле веб – страница без притоа да користат готов урнек.

ОУ „Св. Климент Охридски“ го претставија учениците Дамјан Шокев и Никола Јовановски под менторство на наставникот по информатика, Бобан Гаврилоски. Министерството за образование ја одбра нивната веб – страница како една од трите најдобри кои учествувале на натпреварот.

Вчера, на 6 октомври 2016 година МОН организира јавен настан на кој беа презентирани најдобро рангираните веб страни. Учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“ заедно со својот ментор учествуваа на овој настан каде што имаа прилика да ја презентираат изработената веб – страница. На крајот сите училишни тимови добија пофалници за учество и креативност од заменик – министерот Спиро Ристовски.

1