Во основното училиште Св.Климент Охридски -Охрид на учениците од предметна настава им се одржа предавањето на тема Заштита и самозаштита во случај на катастрофи.
Во предавањето посебно се стави акцент на неопходни процедури и однесувањето на поединците во случај на земјотреси и поплави.
Презентацијата, збогатена со многубројни слајдови и снимки од реалните ситуации, како и конкретни препораки,го задржаа вниманието и интересот на наставниците и учениците на викоко ниво.
Предавањето го одржа Али Самет, одговорно лице од одделот Подготвеност и дејствување при катастрофи,на Црвен крст на Република Македонија.
Ова е уште една од многубројните активности која училиштето ја организира во соработка на Црвен крст Охрид.