Меѓународен ден на бездомништвото – Секој седумдесетти жител во светот е бездомник

Секоја година на 10. ден од 10. месец во годината се одбележува Меѓународниот ден на бездомништвото со цел да се сврти вниманието кон овој брзорастечки проблем. Според проценките на Обединетите нации, ширум светот има над 100 милиони бездомни лица, а над една милијарда луѓе живеат во несоодветни живеалишта.

Овој екстремен вид на сиромаштија континуирано е во пораст поради со­ци­јал­ни­те не­ед­на­кво­сти, ви­со­ки­те стап­ки на не­вра­бо­те­ност и со­ци­јал­на­та иск­лу­че­ност, а акту­ел­на­та кри­за со еми­гран­ти­те, бе­гал­ци­те и со вна­треш­но рас­е­ле­ни­те ли­ца се до­пол­ни­те­лен ри­зик за зго­ле­му­ва­ње на бро­јот на без­дом­ни­ци.

Меѓу бездомниците во Македонија преовладуваат мажи на возраст од 40 до 60 години од кои повеќето се разведени, разделени или самци. Слична е сликата и во развиените земји каде пак најголем дел од бездомниците се странци, а во исто време забележан е и тренд на пораст на млади бездомни лица.

Бездомништвото во Македонија најчесто се случува поради нарушени семејни односи, поради беда, невработеност, долгови, хипотеки, насилство, а во исклучително ретки случаи е избрано како стил на живот.

Евидентираните примери во нашата земја укажуваат на бездомништво што трае и повеќе од една деценија, а меѓу бездомниците регистрирани се и лица со високо образование.

Тес­но­то сфа­ќа­ње на по­и­мот без­дом­ниш­тво нѐ на­ве­ду­ва на зак­лу­чо­кот де­ка бро­јот на без­дом­ни­ци во зем­ја­ва е мал поради перцепцијата на овој феномен исклучиво преку профилот јав­но без­дом­ниш­тво што вклучува само ли­ца што спи­јат на ули­ца.

Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ после едногодишното истражување на бездомништвото во Македонија креираше нов приод . Дефиницијата која е про­из­вод на ова активност, вклу­чу­ва два но­ви про­фи­ла – скри­е­но и по­тен­ци­јал­но без­дом­ниш­тво пре­ку де­вет ка­те­го­рии и 15 по­тка­те­го­рии, ме­ѓу кои и ли­ца што жи­ве­ат кај род­ни­ни и при­ја­те­ли, же­ни во шел­три за се­меј­но на­силс­тво, ли­ца што оста­ну­ва­ат по­дол­го во ин­сти­ту­ции по­ра­ди тоа што не­ма­ат дом, ли­ца на кои им се од­зе­ма до­мот да­ден под хи­по­те­ка, ли­ца што жи­ве­ат во при­вре­ме­ни, не­кон­вен­ци­о­нал­ни жи­ве­а­ли­шта…

Истражувањето на „Паблик“ и адаптирањето на европската концептуалната рамка за бездомништво и исклученост од правото на домување во македонски контекст, создаде и основа за мерење на овој феномен во земјава што подразбира и добивање податоци споредливи не само на европско, туку и на глобално ниво.

„Потребно е дефинирање на бездомништвото во нормативни рамки и мерење на овој феномен зашто во отсуство на релевантни податоци за опсегот на овој проблем, Македонија се соочува со бројни предизвици во заштитата на основното човеково право – правото на дом“ – вели Климентина Илијевски, извршен директор на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“.

Правото на соодветно домување е гарантирано со бројни меѓународни и европски инструменти за човекови права. Главната обврска на државите за обезбедување на остварувањето на ова право се пропишани со Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права со член 11, со кој се признава правото на секој човек на соодветен стандард на живот за себе и за неговото/нејзиното семејство, вклучително и соодветна храна, облека и домување, и континуирано подобрување на животните услови. Овој пакт беше ратификуван од земјата во 1994 година.