Министерството за култура на Република Македонија и Агенцијата за филм на Република Македонија, во рамките на спроведувањето на програмата „Креативна Европа (Култура и МЕДИА)“, организираат дводневен настан, во соработка со Канцеларијата за Креативна Европа на Република Словенија и организацијата за европски програми Еуклид од Велика Британија.
Настанот ќе се одржи на 13 октомври 2016 во Порта Македонија и на 14 октомври 2016 во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во Скопје, со почеток во 10 часот.
Во текот на двата дена ќе биде претставена програмата „Креативна Европа (Култура и МЕДИА)“, ќе бидат презентирани словенечките и британските искуства, а ќе се одржат и посебни работилници за „Култура“ и „МЕДИА“, на кои заинтересираните оператори од културниот и од аудиовизуелниот сектор ќе може да добијат конкретни информации и насоки во однос на проектите што ги подготвуваат за претстојните повици за аплицирање.
Во прилог ви ја доставуваме програмата за дводневниот настан.
Ве молиме вашето присуство да го потврдите на следниве е-адреси:
biljana.prentoska@ced.mk и vladimir.stojcevski@ced.mk
Ви благодариме за соработката.
Министерство за култура на РМ и Агенција за филм на РМ
Канцеларија за Креативна Европа (Култура и МЕДИА)
Инфоден и работилница за „Креативна Европа“ „(Култура и МЕДИА)“ 13 и 14 октомври 2016 , Скопје