Во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охридскиот народен театар, утре (13ти октомври ќе ја изведе театарската импровизација „Импровокација“, со почеток во 21:00 часот.
Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е ко-продукциски проект помеѓу НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид и тројцата професионални актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски.
Билетите можат да се набават во музичката продавница „ЗЗ Топ“ во претпродажба по цена од 150 денари, а на денот на изведба по цена од 200 денари.
Препорачана возраст е над 16 години.
WebOhrid