Во период од 12-13 Октомври 2016 година во Скопје, во соработка со Амбасадата на Р. Италија во Скопје – Канцеларијата на полициското аташе, се одржа TAIEX (ТАИЕКС) работилница за корупција во спортот.
Италијански Полициски експерти од Генералниот Секретаријат на Интерпол-Лион, Европол, Агенција за Монопол, Оддел за Меѓународна Полициска Соработка на Централната управа на Криминалната Полиција на Италијанското Министерство за внатрешни работи, споделија искуство и практики во борба против местење на натпревари и поврзани злосторства.
Дваесет и пет учесници од Министерството за внатрешни работи, Јавното Обвинителство, Македонската Спортска федерација присуствуваа на настанот со цел подигање на свеста за оваа криминална појава, зголемување на стручноста на инспекторите, олеснување на спречувањето и откривање на манипулации со спортски натпревари, како и зајакнување на размена на информации помеѓу полициските сили, спортски организации и регулаторите на спортските обложувања.