Се преврте автобус во Србија – девојка почина, а 80 лица се повредени

Едно лице загина, а над 60 се повредени во сообраќајна несреќа, што утринава, околу 04.10 часот, се случи кај Бубањ Поток, на автопатот Ниш – Белград.

До несреќата дошло кога туристички автобус ја пробил заштитната ограда на патот и се превртел.

Повредените патници се префрлени во Ургентниот центар, ВМА, КБЦ Земун и Институтот за мајка и дете во Белград.

Сообраќајот на овој патен правец не е прекинат, но сепак отежнато се изведува, истакнаа од Информативната служба на српското МВР.

Според портпаролката на Итната помош, Нада Мацура, 15 до 20 пациенти се тешко повредени.

Во автобусот, на враќање од летување во Грција, се наоѓале 86 патници, истакна портпаролката на Итната помош.

Во автобусот се наоѓале цели семејства и многу мали деца.

Извор: Нет Прес