Паричен надоместок за освоен медал на меѓународни научни олимпијади

Министерството за образование и наука започна со имплементација на нова стимулативна мерка со која се предвидува доделување на месечен паричен надоместок за талентираните ученици кои ќе освојат едно од првите три места, односно златен, сребрен или бронзен медал на некоја од тринаесетте признати меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad) во учебната 2016/2017 година.

Со мерката се обезбедува паричен надоместок во износ од 12.000 денари за освоено прво место, 10.000 денари за второ место и 8.000 денари за освоено трето место, во текот на целата година за ученикот, но и за наставникот кој го менторирал и подготвувал за натпреварувањето.

Конкурсот за аплицирање е во тек и истиот ќе биде активен до 31 август 2017 година.

Повеќе информации за потребната документација, начинот на аплицирање и условите за учество на конкурсот на следниот линк

http://mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/1498-13-international-science-olympiad