Се уредува улицата „Ристо Чадо“

Денес дел од екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” беа ангажирани на уредување на улицата „Ристо Чадо” со косење и сечење на зараснатата трева, капини и трње покрај тротоарите, со цел да се обезбеди непречено движење на пешаците, информираат од претпријатието.

Оттаму информираат дека покрај овие активности, деновиве екипите продолжуваат со чистење на коритото на реката „Сушица” каде се отстрануваат зараснатите гранки и трева.

fotorcreated1-2 fotorcreated2