Свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија

Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме. На церемонијата присуствуваа претседателот Иванов и ученици од ООУ „Кочо Рацин” од Кратово и ОУ „Браќа Миладиновци” од Скопје.

Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија.

Церемонијата е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.