Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов престојуваше во работна посета на СВР Охрид

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов престојуваше во работна посета на СВР Охрид. На конструктивната средба со Началникот на СВР Охрид Сашо Смилески,Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи беше запознат со актуелната состојба во секторот – Можам да кажам дека состојбата на подрачјето на СВР Охрид е стабилна и безбедна, граѓаните се безбедни, а СВР Охрид работи согласно законот и правилата. – истакна Андонов.

Претходно Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Оливер Андонов се обрати пред на претставниците на полициите од 12 држави од регионот, членки на СЕЛЕК центарот од Букурешт, кои на конференција во Охрид разговараа за борбата против сајбер криминалот. „СЕЛЕК центарот нуди големи можности за соработка со државите од регионот во однос на истрагите кои ги водиме за компјутерски криминал, размена на информации и заеднички истраги кои ни помагаат во борбата против овој вид криминал.

u1088-009