Втора фитнес зона во Охрид

На просторот после плажата „Бела Виста“, започнаа активности за поставување на втората фитнес зона во Охрид. Во моментов се поставуваат реквизитите и се врши партерно уредување, а се очекува за скоро време оваа зона да биде ставена во функција. Слична ваква зона, претходно беше поставена во Холандскиот парк. Фитнес зоната е инвестиција на Агенцијата за млади и спорт.

Со двете фитнес зони, но и двете пешачки патеки како и детското игралиште во непосредна близина на каналот Студенчишта, се формира едно рекреативно катче за сечиј вкус.

ii_fitnes_zona_4852