НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид / Народен Театар Охрид, утре премиерно пред охридската публика ќе ја изведе детската претстава „Малиот принц” од Сент Егзипери, во режија на Ѓорги Ризески.
Во претставата играат: Никола Тодороски, Ивица Цонев, Јасмина Билаловиќ, Павел Маслов и Стрезо Стаматовски, драматуршки соработник Кристина Тодороска Петреска, музички соработник Студио Китрозон, изработка на костими Даниела Мурговска, изработка на цртежи ученици од ОУ „Христо Узунов“.
Почетокот на детската претстава е во 19.30 часот, а влезот чини 100 денари.