Екипи на ЈП „Градски гробишта“, денес, започнаа со градежни активности за изградба на потпорни ѕидови во Велгошти со должина од 30 метри и висина од 2 метри. Предвидениот буџет за овој зафат изнесува 560 000 денари, а градежните работи се очекува да завршат за 10 дена.