Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Унгарија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија Н.Е. Ласло Иштван Дукс.

На средбата беше истакната добрата соработка меѓу Република Македонија и Република Унгарија, особено во справувањето со мигрантската криза. Министерот Спасовски го потенцираше значењето на присуството на полициски службеници од Унгарија на нашата јужна граница, кои заедно со колегите од уште неколку земји од Европската унија и помагаат на македонската полиција во справувањето со проблемот со мигрантите.