Истражител на Специјалното јавно обвинителство бил приведен во полициската станица „Беко“, а специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по посетата на полициската станица изјави дека на обвинителите не им било образложено зошто тој бил приведен.
„Истражителот кој беше приведен во полициската станица „Беко“ се враќа во просториите на СЈО. Станува збор за истражител кој бил на задача да обезбеди лице барано во одредена истрага. Видовме дека е неосновано приведен и задржан во полициската станица и дека не постоел никаков пишан документ“ – изјави Јанева пред „Беко“.
Таа и нејзиниот тим се упатија во Управата за безбедност и контраразузнавање, бидејќи вечерва друг истражител на СЈО кој бил на должност во УБК бил отстранет од просториите и сега тој се наоѓа во дворот на МВР.
Извор:meta.mk