На 20.10.2016 година околу 21,20 часот во Скопје, на ул. „Димче Мирчев“ пред главната капија на Министерството за внатрешни работи, Б.П.(29) од Скопје, вработен како новинар во ТВ Телма, бил физички нападнат од страна на К.П.(32) од Скопје, при што повеќе пати бил удиран со раце и нозе во пределот на главата и телото и му биле нанесени видливи повреди. К.П. бил приведен во ПС ОН Центар и по целосно расчистување на случајот поднесени му се прекршочни пријави по член 6 и член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.