ВМРО-ДПМНЕ тргнува најсилно досега на терен. Очекуваме избори на 11 декември, тие се многу значајни во овој момент од најмалку две причини, истакна денес од Волково, Никола Попоски.
„Првата е завршување на кризата и враќање на основните, најважни работи за граѓаните. Премногу штета се нанесе на Република Македонија во изминатиов период од правење на вештачка криза и овој момент изборите се можност да го затвориме ова поглавје. Втората најважна работа е повторно посветување на она што е најзначајно за граѓаните тоа се инвестициите, работните места, нови можности“, посочи Попоски.