Бројни награди за учениците од ОУ „Григор Прличев“ на Државните натпревари

Бројни награди за учениците од ОУ „Григор Прличев“ Охрид на Државниот натпревар по природни науки кој се одржа на 20.5.2017 во Скопје. Тие ги освоија следните места и награди под менторство на наставничката Наташа Драгичевиќ:

• Петар Крцоски V одд освои I место а со тоа и I награда,
• Јана Патчева V одд II награда
• Ивана Веруш V одд III награда
• Софија Милевска V одд III награда

На Државниот натпревар по природни науки кој се одржа на 20.5.2017 во Скопје ученикот Кристијан Клечкароски IV одд освои III награда, под менторство на наставничката Фанче Наумоска.

На Државниот натпревар по биологија кој се одржа на 20.5.2017 во Скопје, ученичката Александра Балева VIII освои II награда, под менторство на наставничката Зоре Ѓоршоска.

На ден 03.06.2017 во просториите на Машински факултет – Скопје се одржа Јуниорската македонска математичка олимпијада 2017 (ЈММО 2017) на која учествуваа ученици до 15,5 години од нашата држава. На оваа олимпијада учениците од ОУ „Григор Прличев“ ги постигнаа следните резултати:

Ана Димоска IX одд. – БРОНЗЕН МЕДАЛ, ментор: Лилјана Фанкоска, и Ева Китрозоска VII одд. – ПОФАЛНИЦА, ментор: Анита Николоска.