На 14 октомври 2016 година во Службен вeсник на Република Македонија е објавена и влезе во сила измена на Законот за данокот на додадена вредност со која е пропишана повластена стапка на ДДВ од 5% за пелети, печки на пелети и котли на пелети.
Со оглед дека, во согласност со одредбите на наведениот закон (член 30 став 3), добрата кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност, како во внатрешен промет така и од увоз, поблиску се определуваат од страна на Владата на Република Македонија, заради правилна и еднообразна примена на законот отпочната е постапка за донесување на соодветна одлука.
Царинската управа на Република Македонија по донесувањето на Одлуката на Владата на Република Македонија со која ќе бидат поблиску определни добрата кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност со наведување и на тарифните ознаки од Законот за царинската тарифа, од моментот на нејзиното влегување во сила истата во целост ќе ја применува на увозот на определените добра. Во секој случај, фирмите увозници имаат право на одбивка на платениот увозен данок на додадена вредност во согласност со член 33 став 2) точка 3 од Законот за данокот на додадена вредност.