Отворен третиот маркет на КАМ во Струга

Денес во Струга беше свечено отворен третиот КАМ маркет, лоциран во непосредна близина на Градскиот пазар на 360 м2 продажна површина.

Покрај постоечките маркети во Струга, до бензинската на „Макпетрол“ и наспроти мебел „Љачка“ на ул. „Партизанска“, со новиот маркет приватните марки на КАМ производите со врвен квалитет и ниски цени, ќе станат уште подостапни до големиот број жители од Струга и околината.

„Во КАМ маркетите вашите пари вредат повеќе. Строгата контрола на квалитетот и ниските цени во КАМ маркетите Ви овозможуваат да ги почувствувате извонредните вкусови на производите од приватните марки на КАМ со Европски квалитет и најниски цени. Проверете зошто мудрите го одбраа КАМ. Купувајте квалитет и заштедете. КАМ Ве поканува да го почувствувате вистинскиот европски квалитет на реномирани производи од палетата на приватни марки и ексклузивни производи кои можете да ги најдете само во КАМ. Дознајте кои се најпродавани производи во Германија (Европа). Јаки приватни марки, јаки ексклузивни производи – Изборот е твој. Спореди и заштеди. КАМ маркет – секогаш свежо, секогаш квалитетно, секогаш евтино“, порачуваат од КАМ маркетите.

Извор и фото: ОхридПрес