СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, поднесе кривична пријава до ОЈО Скопје против М.С.(39) од Скопје, поради основи на сомнение дека неовластено набавил наркотична дрога марихуана која ја препакувал за улична продажба на уживатели од Скопје.
За стореното кривично дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215, Судија на претходна постапка на сега пријавениот му изрече мерка притвор во траење од 30 денови.
Пријавениот, кој досега петпати е пријавуван за недозволена трговија со марихуана, во текот на октомври гонава, од засега непознати лица, набавил поголема количина на марихуана, која препакувана за улична продажба ја чувал во својот дом во населба Маџари со цел да ја продава на уживатели од Скопје. Единицата за недозволена трговија, по добиеното сознание дека препакуваната дрога почнал да ја продава на уживатели од Скопје, превзеде опсежни мерки и активности за потврдување на сознанието и обезбедување на материјални докази.
По потврдено сознанието, од страна на Единицата превземени се мерки и активности за утврдување на движењето на пријавениот и локациите каде врши препродажба на дрогата при што на 18 месецов, е забележан во населба Маџари, поточно пред угостителски објект, каде полициски службеници од Единицата му е извршиле легитимирање и личен преглед и при што кај него се пронајдени и одземени три полиетиленски паковки со марихуана спакувани во една поголема полиетиленска зипер кесичка.
Пријавениот е приведен во службените простории на Единицата за недозволена трговија со дрога, а со наредба од Судија на претходна постапка истиот ден во неговиот дом е извршен претрес, при што се пронајдени и одземени една полиетиленска паковка и една кеса со марихуана со вкупна нето маса од 50,02 грама марихуана.