Директорот на „Викиликс“ и ментор на основачот на интернет-страницата, Џилијан Асанж, Гевин Мекфејден почина на 76-годишна возраст, објави Центарот за истражувачко новинарство, чиј основач е Мекфејден.
Од организацијата засега не ја наведуваат причината за смртта на Мекфејден.
На социјалната мрежа „Твитер“ на профилот на „Викиликс“ беше објавено дека Мекфејден, освен што му бил ментор на Асанж, бил и него најблизок пријател во Лондон, каде основачот на „Викиликс“ се наоѓа повеќе од четири години, криејќи се во амбасадата на Еквадор.
„Гевин Мекфејден, саканиот директор на ‘Викиликс’, сега ги свртува своите тупаници за борба со Бог. Удри го, засекогаш, Гевин“, стои во друг твит на „Викиликс“ потпишан со иницијалите на Асанж.
Поради ова, дел од медиумите шпекулираат дека тоа мoже да значи дека Асанж и натаму е во контакт со „Викиликс“ иако пред една недела еквадорските власти му го исклучија интернетот во амбасадата во Лондон откако „Викиликс“ ја објави електронската пошта од кампањата за претседателските избори во САД на кандидатката на демократите, Хилари Клинтон.
https://twitter.com/wikileaks/status/789987961123188736/photo/1
Извор: meta.mk