Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Словенија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Словенија во Република Македонија, Н.Е. Милан Јазбец.

Министерот Спасовски изрази задоволство од досегашната соработка со амбасадата на Република Словенија и изрази благодарност за принципиелната поддршка која Македонија ја добива од Словенија во однос на евроатланската интеграција на земјата.

Амбасадорот Јазбец истакна дека има многу идеи за идни проекти од заеднички интерес и изражи надеж дека тие ќе се реализираат. Тој посочи дека Словенија и Македонија се пријателски земји и затоа треба да се размислува за можни начини на идна соработка.

Амбасадорот Јазбец изрази надеж дека парламентарните избори на 11 декември ќе бидат фер и демократски и ја истакна улогата на МВР во овој процес. Министерот Спасовски рече дека МВР во целост ќе ги заврши своите обврски за претстојните избори и нема да биде дозволена било каква злоупотреба ниту на човечки ниту на технички ресурси.