Во рамките на ГЕФ Дримскиот Проект на 27. Октомври во Охрид ќе се одржи првиот состанок на Фокус групата на македонска страна.
Фокус групата е составена од преставници на владини институции надлежни во управувањето со водените ресурси, јавни претпријатија, општини, научни установи, граѓански сектор и други.
Целта на состанокот е истражување на проблематичните точки во управувањето со Дримскиот Басен, приоретет на истите и дискусија на моменталните состојби и влијанија во Басенот. Исто така ќе бидат идентификувани заинтересираните страни (stakeholders) кои влијаат или трпат влијанија од прекуграничното управување со Дримскиот Басен.
„Дримскиот проект е досега најсложениот процес за управување на водените ресурски во кој се балансираат интересите на многу сектори и воедно е еден силен политички процес во кој учествуваат 5 држави од Басенот. Главните цели се изготвување на Прекугранична дијагностичка анализа на Басенот, изготвување на Стратешки Акционен План и развивање на заедничка платформа за соработка, заеднички мониторинг систем ,систем за управување со поплавите и пилот проекти меѓу кои и изработката на План за управување со сливот на Охридско Езеро. ГЕФ Дримскиот Проект е започнат со активна имплементација во Мај 2016 година преку УНДП како имплементациона агенција и Глобалното партнетство за води како директен спроведувач на Проектот, со силно институционално учество на институциите од државите од Сливот застапени во Дрим Кор групата и во Експертските работни групи “– вели Дејан Пановски, Нац.координатор на ГЕФ Дримски Проект.
Работниот состанок ќе се одржи во четврток 27. Октомври во салата на Хотел Аквалина.