Во Охрид ќе се истражуваат проблематичните точки во управувањето со Дримскиот Басен

Во рамките на ГЕФ Дримскиот Проект на 27. Октомври во Охрид ќе се одржи првиот состанок на Фокус групата на македонска страна.

Фокус групата е составена од преставници на владини институции надлежни во управувањето со водените ресурси, јавни претпријатија, општини, научни установи, граѓански сектор и други.

Целта на состанокот е истражување на проблематичните точки во управувањето со Дримскиот Басен, приоретет на истите и дискусија на моменталните состојби и влијанија во Басенот. Исто така ќе бидат идентификувани заинтересираните страни (stakeholders) кои влијаат или трпат влијанија од прекуграничното управување со Дримскиот Басен.

„Дримскиот проект е досега најсложениот процес за управување на водените ресурски во кој се балансираат интересите на многу сектори и воедно е еден силен политички процес во кој учествуваат 5 држави од Басенот. Главните цели се изготвување на Прекугранична дијагностичка анализа на Басенот, изготвување на Стратешки Акционен План и развивање на заедничка платформа за соработка, заеднички мониторинг систем ,систем за управување со поплавите и пилот проекти меѓу кои и изработката на План за управување со сливот на Охридско Езеро. ГЕФ Дримскиот Проект е започнат со активна имплементација во Мај 2016 година преку УНДП како имплементациона агенција и Глобалното партнетство за води како директен спроведувач на Проектот, со силно институционално учество на институциите од државите од Сливот застапени во Дрим Кор групата и во Експертските работни групи “–  вели Дејан Пановски, Нац.координатор на ГЕФ Дримски Проект.

Работниот состанок ќе се одржи во четврток 27. Октомври во салата на Хотел Аквалина.