Министерот Лутфиу присуствуваше на почетокот на академската година на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје

Денес министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, присуствуваше на стартот на академската година на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

На настанот присуствуваа ректорот на Универзитетот, професори, академскиот кадар на универзитетот, студенти и претставници на медиумите.

Министерот Лутфиу рече дека на овој значаен датум еден сон станува реалност.

„Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, кој го отвораме со првиот академскиот час, резултат на долга работа во текот на годините, време кое беше потребно за подигање на стандардите во наставата, интелектуалната моќ, побарувачката на пазарот на трудот и тој претставува водич за насоката по која веќе се движат нашите луѓе во оваа земја”, истакна Лутфиу.

Факултетите кои официјално денска почнуват од првата академска година, се основани со добро анализирани насоки кои ги бара пазаратот на трудот.

Значи, денеска, на младите им се нудат начини, кои се барани во согласност со времето и светот, начини за гарантирање на темелите за безбедна иднина во нашата земја.

Министерот во своето обраќање им посака успех на ректорот на универзитетот, на академскиот кадар и на студентите од првата генерација на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.