Помеѓу четврток и недела (27-30 Октомври 2016 година), во Струга ќе се одржи обука за деца правобранители од средните училишта од следните градови: Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Гостивар вклучени во проектот„Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија”.
Македонија е потписник на Конвенцијата за правата на детето на Обединетите Нации од 1989 година. Но, колку во државата се почитува Конвенцијата и колку тие права се почитуваат во институциите каде децата се најприсутни – училишта?
Согледувајќи ја препорака на Комитетот за правата на детето при Обединетите нации каде епотенцирана потребата да се подобри учеството на децата во училиштата како институција, кадешто децата најмногу го поминуваат своето време, Коалиција на Младински оганизации СЕГА од2010 година го започна проектот за “Имплементација на Конвенцијата за правата на дететово Република Македонија”, во соработка на Детската Фондација Песталоци (Pestalozzi Children’s Foundation). Моделот на дете правобранител функционира во 20 основни и средни училишта во Македонија и претставува одлична институционална алатка за пренесување на Конвенцијата на правата на детето како и заштитата на детските права во училиштата.
Како дел од успешното спроведување на овој проект за зголемување на учеството на одлучување на децата во училштето и во општеството воопшто, и оваа година Коалиција СЕГА продолжува да со негово спроведување со цел да го подобри учеството на децата во училишниот живот. Процесот содржи воведување на процедури за избор на претседател на одделение /клас преку тајно
гласање, како и избор на Дете Правобранител кој ќе има обврска да препознава повреда на детски права и да ги пријавува до училишните служби задолжени за решавање на тие проблеми.
Во училиштата кои се веќе опфатени со проектот веќе има доста примери каде децата правобранители помогнале да се решат вакви одредени повреди. На оваа обука децата ќе стекнат вештини и знаења за Конвенцијата на правата на детето и како да ги едуцираат нивните врсници за пријавување на некое прекршено нивно детско право во нивните училишта. Исто така на обуката ќе се одредат и начини за комуникација на децата правобранители со Заменикот Народен Правобранител во Р.Македонија кој е одговорен за заштита на детските права.
Дел од обуката ќе земе и Заменикот Народен Правобранител Васка Бајрамоска Мустафа како обучувач во периодот од 29-30 октомври 2016 (сабота и недела).