Нови воздушни напади во Алепо

Воени авиони ги бомбардираат подрачјата, кои вчера беа преземени од сириските бунтовници, во западните и јужните делови на градот, соопшти опозицискиот Сириски центар за мониторинг на човековите права.

Во соопштението на Центарот не се посочува чии воени авиони ги изведуваат бомбардирањата, но се претпоставува дека станува збор за летала на сириското Воено воздухопловство, имајќи предвид дека Русија прогласи мораториум на воздушните напади во Алепо.

Во меѓу време, сириските државни медиуми јавија дека утрово бунтовниците го бомбардирале западниот дел на Алепо, кој е под контрола на владините сили, при што загинале најмалку шест лица.

(Фото: Twitter/@_encontacto)

Извор: meta.mk