Светски ден на градовите

Свесни за значењето на основните урбанистички услуги како основа за севкупниот општествен и економски развој, Генералното собрание на Обединетите нации со резолуцијата 68/239 од 27 декември 2013 година, го назначи 31 Октомври како Светски ден на градовите, кој започна да се одбележува во 2014 година.

Планираната урбанизација драстично го зголемува капацитетот на градовите за да се генерираат вработувањето и благосостојбата, и да се поттикне различноста и социјалната кохезија меѓу различните класи, култури, етнички групи и религии. Градовите создадени со цел да се живее заедно создаваат можности, овозможуваат поврзување и интеракција, како и олеснување на одржливо користење на заеднички ресурси.

Оваа година, Обединетите Нации ја избра темата „Инклузивни градови, заеднички развој“ за да се нагласи важноста на улогата на урбанизација како извор на севкупниот развој и социјална инклузија.

WebOhrid