Во сабота ќе се подигнува зелен отпад од Кошишта и Воска

ЈП „Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 05.11.2016 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.3 „Кошишта„ и У.З.4 „Воска„ (заедно со комплексот згради и куќи во населба „Даљан„) .

Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.