Општина Охрид и Општинската организација на Сојузот на борци од народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија организираат низа активности по повод 72 години од ослободувањето на градот Охрид.
07.11.2016 г. (понеделник)
10.00 часот Oбраќање на претставници на Општина Охрид и ОО Сојузот на борците од НОАВМ и полагање цвеќе
– Спомен- парк на Револуцијата
10.30 часот Кратка програма на децата од ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ и полагање свежо цвеќе пред Споменикот на Јасна Ристеска
(с. Рамне)
11.00 часот Полагање свежо цвеќе:
– Споменик на паднатите борци
(Градски гробишта)
– Споменик на Петре Пирузе
(Основен суд)
– Споменик на Мите Богоески
(двор на СОСУ„Св.Кирил и Методиј“)
– Спомениците на Андон Дуков и Спас Банџов (Градски парк)
12.00 часот Свечена културно-уметничка програма посветена на 72 години слободен Охрид
Место: Голема сала на Општина Охрид)
13.00 часот Свечено отворање на реновираниот објект на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“
Место: Централен објект на ЈОУДГ „ Јасна Ристеска“
18.00 часот Патронен празник на ЈОУГД
„Јасна Ристеска“
-Тема: „Македонски детски евергрини“
– изложба на цртежи
Место: СЦ „Билјанини извори“
19.00 часот Седмоноемвриски концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче“
Место: Простории на ОМУ „Методи Патче“.