На ВМРО-ДПМНЕ му се неопходни 63 пратеници за стабилна Влада и одбрана на унитарноста на државата, порача вчера од Струга, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна дека стружани веќе ги чувствуваат последиците од погубните политики на СДСМ со територијалната поделба од 2004-та година кога го обезвластија сопствениот народ во пазарењето на сопствените интереси.
Милошоски ги посети и жителите на општина Центар Жупа кои изразија благодарност до владата на ВМРО-ДПМНЕ за новиот пат Дебар-Центар Жупа како и за новата спортска сала во изградба.
Тие истакнаа дека овие инвестиции се направени после неколку децении запоставеност на овој регион.