Конгресот на СДСМ почна со доцнење од два часа, Заев побара поддршка за листите

Ова што е пред вас е победничката листа, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на 21. Конгрес на партијата, каде се гласаат кандидатските листи, кој почна со доцнење од два часа во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Заев побара од делегатите да дадат поддршка за листите и да покажат дека тој не е сам во оваа борба.

Тој на почетокот на својот говор пред делеагите на конгресот, рече дека воопшто не било лесно носењето на кандидатскте листи.

– Не има секакви, од градови, од села, од различни професии – рече лидерот на СДСМ.

Носител на првата изборна единица ќе биде поранешниот претседателски кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.

Носител на втората изборна единица е актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На третата изборна единица носител ќе биде дополнителниот заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски.

На чело на четвртата изборна единица ќе биде претседателот на партијата Зоран Заев.

На петтата изборна единица носител ќе биде потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, а на шестата портпаролот Петре Шилегов.

Место на листите ќе добијат и колациските партнери на СДСМ, припадници на „Шарена револуција“ и независни интелектуалци.

Извор: meta.mk