Нови идеи и нови проекти кои ќе бидат реализирани во наредната година, е резултатот од денешната средба на градоначалникот Никола Бакрачески и жителите од УЗ „Даме Груев“ , „Билјанини Извори“ и „Лескајца“. Покрај градоначалникот Бакрачески на средбата беа и претставници од стручните служби на Локалната самоуправа и директорите на јавните претпријатија.
Граѓаните од овие урбани заедници, изразија огромно задоволство поради вакви средби кои станаа практика на Локалната самоуправа, средби преку кои се реализирани голем број на прокти и преку кои се решаваат приоритетните проблеми на жителите. Како главни барања кои овие жители ги имаа се однесуваа на комуналната и инфраструктурната сфера за што од страна на градоначалникот и стручните служби добија ветување со прецизни рокови за ниво реализирање.
Ваквата практика продолжува и утре (08.11.2016), каде со почеток во 17 часот во голема сала на општина Охрид ќе се оствари средба со жителите од урбаните заедници „Кошишта“, „Железничка“ и „Радојца Новичиќ“.