Институтот за демократија „Социетас цивилис“ од Скопје (ИДСЦС), во соработка со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и со Организацијата на жени од Свети Николе, од денеска до 9 ноември, во Охрид, спроведува обука за проектен дизајн и за менаџмент.
Обуката е дел од проектот „Унапредување на социјалната вклученост преку ефективно искористување на ЕУ-фондовите“.
Во овој период ќе има обуки за организациите што работаат и сакаат да соработуваат со центрите за социјална работа во Ресен, Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар, Неготино и во Кавадарци.
Обуката за организации кои работат во Скопје, Гостивар, Тетово, Дебар, Охрид, Струга, Кичево и во Македонски Брод, исто така во Охрид, ќе се спроведе од 9 до 11 ноември.
Покрај за претставници од центрите за социјална работа, обуката е наменета и за учесници од граѓанскиот сектор.
Проектот e поддржан од Европската комисија и има цел да ги зајакне капацитетите на заводите за социјални дејности, центрите за социјална работа и граѓанските организации во правец на поефикасно искористување на фондовите на Европската Унија.
Извор: meta.mk