ВМРО-ДПМНЕ: 7-ми Ноември е еден од најзначајните датуми

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати честитка до граѓаните, по повод 7ми ноември- Денот на ослободувањето на Охрид.

„7-ми Ноември е еден од најзначајните датуми во поновата локална историја во градот Охрид, а со тоа и во целокупната Македонска историја. Датум кој претставува симбол на стремежот на вековната макотрпна и пожртвувана борба на нашите предци за достигнување на крајната цел конечно совладување на градот Охрид и Македонија.Од тука наша задача е вечно да го славиме овој датум затоа што само на тој начин ќе го спомнеме историскиот континуитет на вековната борба, ќе ги споменуваме нашите предци-борците за слобода и вечно ќе ги славиме. Вечно нека се слави овој ден како што е вечен и нашиот град Охрид и нашата татковина Македонија.“- стои во честитката.